Радовиш и Пролет одиграа супердраматичен натпревар што заврши без победник, 27-27, откако домаќините постигнаа гол од девет метри, крај жив ѕид буквално во последната секунда од мечот. Домашниот состав имаше водство во голем дел од натпреварот, а на Пролет не му помогна ниту одличниот пресврт во завршницата, па гостите мораа да се задоволат само со еден освоен бод на овој натпревар.
Првото полувреме мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Пролет имаше „плус два“ во раната фаза од мечот (3-5), но Радовиш пред се благодарение на беспрекорниот напад го сврте резултатот во своја полза и поведе со 17-15. Паунов бранеше одлично за радовишани во второто полувреме, помагајќи домашниот тим да поведе со убедливи 25-22 на девет минути до крајот. Тогаш почна извонредната серија на Пролет, гостите цели осум минути не примија гол, при што стигнаа до водство од 25-27. Сепак, во последните два напади тие не ни упатија шут кон противничкиот гол, па Радовиш со гол во последната секунда што го постигна Вјештица стигна до бод.
Постолов беше најдобар поединец на натпреварот со 10 постигнати гола, девет за домаќините постигна Вјештица, додека кај Пролет најефикасни беа Џонов со шест и Димов и Андоновски со по пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА