Невидена ситуација во грчкиот фудбал: Сите играчи на Арис добија суспензија

Фудбалскиот сојуз на Грција изрече казна за играчите на Арис за неспортско однесување во финалето на Купот против Панатинаикос.

Сите играчи од минатогодишниот тим, оние кои беа на протоколот на натпреварот, беа суспендирани на два натпревари бидејќи одбија да ги примат медалите за време на церемонијата на победникот. Некои од нив ќе мора да одлежат дополнителни казни поради други испади на натпреварот.

Рускиот фудбалер Шапи Сулејманов заработи дополнителни пет натпревари суспензија, вкупно седум, поради нападот врз француската судијка Стефани Фрапар, која беше делегирана да го суди финалето.

Фудбалерите на Панатинаикос победија со 1:0 и го освоија Купот со гол во 90+7. минута судиско обештетување, а клубот Ариса за таквиот исход го обвини Стефани Фрапар поради нееднакви критериуми. Фрапар го судеше вчерашниот меч меѓу Слован Братислава и Струга ТЛ во првото коло од Лигата на шампионите.

Се вчитува...