Невидена случка во Норвешка: Ракометар среде меч влета на трибини…. (видео)

Неверојатна случка го одбележа мечот од норвешкиот шампионат меѓу Фоло и Берген, откако гостинскиот ракометар Николај Далинг додека натпреварот беше во тек се залета кон трибините, одземајќи му го мегафонот на еден од домашните фанови и фрлајќи го на теренот.

Многумина беа во шок, атмосферата само за момент се вжешти, но мечот сепак продолжи… Она што е уште поинтересно, судиите решија да не го исклучат Далинг за ваквиот предизвикан инцидент, по што овој ракометар постигна неколку важни голови во победата на својот тим од 27-29.

„При секој напад истата група на луѓет преку мегафонот ми довикуваше колку сум грд, дека сум чудовиште и ме навредуваше, дека не личам на ракометар, дека не ми е местото на терен“, прокоментира Далинг по мечот.

Што ли ќе беше ако овој ракометар направеше вакво нешто на терен во Македонија, наместо инцидент меѓу мирните Норвежани…

Се вчитува...