Штутгарт славеше над Херта со 2-1, но натпреварот нема да биде запаметен по конечниот исход, туку по трагедијата во самиот финиш откако животот на трибините го загуби Херберт Гентнер, таткото на капитенот на „швабите“, Кристијан Гентнер.
Фудбалерот на Штутггарт петнаесетина минути претходно беше асистент при победничкиот гол на Марио Гомез во 76. минута, но радоста се претвори во неизмерна тага откако неколку минути по последниот судиски свиреж неговиот татко почина на самиот стадион.
„Нашиот клуб во овие тешки моменти е со семејството Гентнер“ – кратко соопштија од раководството на Штутгарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА