Мега приреди голема сензација во последниот натпревар на 4. коло во АБА лигата откако славеше на домашен терен против Партизан со 88-86 благодарение на автокошот на Урош Трифуновиќ.
Мега одлично го започна натпреварот и експресно стигна до двоцифрена предноста. Домаќините ја добија првата четвртина со 21-11, а со одбрата игра на двата дела од теренот успеаја да ја зголемат позитивата за еден поен на полувремето (40-29). Младиот клуб го задржа ритамот и на отварањето на второто полувреме во кое стигна до највисоките +20 (53-33), но Жељко Обрадовиќ успеа да ја најде вистинската формула.
Агресивноса на Јарамаз и центарската игра на Камински вродија плод па Партизан експресно ја намали негативата, во последните десет минути влезе со негатива од шест поени (69-63) и успеа да приреди неизвесна завршница. Во неа Мега водеше со 86-82 на 64 секунди пред крајот, но поените на Камински и новата украдена топка и положувањето на Јарамаз донесе изедначување на 17 секунди до крајот.
Последниот напад и припадна на Мега. Топиќ промаши на положување, а трагичарот на Партизан беше Трифуновиќ кој ја протна топката во сопствениот кош.
Ѓуришиќ со 17 поени ја предводеше Мега, а Топиќ додаде 14 поени и 8 асистенции. Кај Партизан најрасположен беше Аврамовиќ со 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА