Невидена завршница во мак-баскетот во режија на Алексиќ и Стојановска (ВИДЕО)

Бадел 1862 и Баскет Кам ја одиграа можеби и најлудата завршница во историјата на македонската кошарка. Во третиот финален натпревар „баделки“ имаа шанса со „метла“ да ја продолжат доминацијата на сцената, но на патот застана Снежана Алексиќ.

Кошаркарката на Баскет Кам погоди за продолжување на 3.7 секунди пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, а по нејзиниот обид следеше и погодок на Стојановска од половина терен за победа, но времето не беше пуштено од страна на записничката маса.

Натпреварот продолжи во дополнителни пет минути, а во нив Алексиќ повторно беше прецизна зад линијата 6,75 во последните секунди. Стојановска повторно имаше шанса да донесе победа за својот тим, но наместо во мрежата топката заврши од таблата во обрачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...