Невидени сцени во Хале: Зверев среде гем трчаше до тоалет (видео)

Александар Зверев славеше во четвртфиналниот дуел во Хале против Флавио Коболи, но мечот ќе остане запаметен по неверојатната случка – кога тој среде гем мораше да истрча до соблекувалната.

Беше очигледно дека Германецот не се чувствува најдобро, по што тој истрча кон подтрибинскиот простор….

„Морав да одам да повратам“, објасни Зверев по враќањето на теренот… „Пред мечот се беше во ред, но потоа почувствував сериозен проблем со стомакот“.

За среќа, тоа не се одрази на неговиот настап во мечот, па Зверев славеше со 2-0 во сетови и обезбеди пласман во следната рунда.

Се вчитува...