Невидено посрамотување на фудбалер на Фулам во 97. минута: Сакаше паненка од пенал, ама… (ВИДЕО)

Адемола Лукман го остави Фулам без еден бод од мечот против Вест Хем. Во неверојатна завршница, Томас Соучек постигна гол за 1-0 во 91. минута, а потоа во 97. минута беше покажан пенал за гостите.

Одговорноста за ударот од белата точка ја презеде Адемола Лукман кој се обиде да глуми фудбалски мајстор изведувајќи паненка, но единствено успеа да се посрамоти. Очајно го изведе ударот по кој топката едвај дојде до голманот. На крајот, на несреќниот Лукман не можеа да му ги сопрат солзите по смешното промашување.

Се вчитува...