Манчестер Јунајтед има сезонава за заборав и веќе е извесно дека Ерик тен Хаг летово ќе добие отказ од менаџерската функција.
„Црвените ѓаволи“ се поврзуваат со неколку квалитетни стратези, еден од нив е и актуелниот англиски селектор Герет Саутгејт, но Невил е убеден дека неговиот поранешен клуб би направил огромна грешка доколку го чека Саутгејт да заврши со обврските на ЕВРО 2024.
„Мислам дека тоа би била голема грешка, нешто што не смее да се случи, за тоа се свесни и во клубот и затоа Саутгејт веќе не е ниту меѓу водечките кандидати. Нема шанса Манчестер Јунајтед да чека до средината на јули за новиот тренер да почне со работа, особено ако се знае дека предсезоната веќе ќе почне со тренинзи и контролни натпревари. И самиот Саутгејт нема да сака да објави дека ќе дојде во Јунајтед пред ЕВРО 2024, а таквата неизвесност ќе и наштети и на репрезентацијата и на клубот. Затоа, не верувам дека тоа ќе се случи“, изјави Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА