Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека Манчестер Јунајтед нема да биде кандидат за титулата во Премиер-лигата во следните две години.
„Потребно е да се обработат пет добри преодни рокови, за да може да се направи тим кој ќе им парира на Сити и Ливерпул. Веќе еднаш реков, Јунајтед нема ниту годинава, ниту следната да биде во игра за освојување на трофејот во Премиер-лигата“, изјави Невил.
Во следното коло Манчестер Јунајтед го очекува гостување кај Саутемптон, откако „црвените ѓаволи“ во првите три кола освоија само четири бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА