Невил: Јунајтед нема да ја освои титулата во Премиер лигата

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека „црвените ѓаволи“ не можат да стигнат до трофејот во Премиер лигата оваа сезона. Јунајтед моментално е втор на табелата во англискиот шампионат со пет бода помалку од градскиот ривал Сити, кој исто така има натпревар помалку.

Во последното коло, тимот од Олд Трафорд ги подели бодовите со Евертон (3-3), иако имаше предност од 2-0 и 3-2. На последните четири натпревари Јунајтед забележа само една победа.

„Сè уште не се подготвени за титулата. Знам дека е разочарувачки, но не е изненадувачки. Тоа беше очигледно во последните неколку недели. Не очекувам дека Јунајтед ќе ја освои титулата оваа година. Она што го очекувам е тие да се доближат до Ливерпул и Сити, а потоа следната година да се борат за трофејот “, рече Невил.

Јунајтед вечерва ќе игра против Вест Хем во меч од петтото коло во ФА Купот.

Се вчитува...