Невил: Манчестер Јунајтед е депресивен тим!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е разочаран од тоа што го гледа на „Олд Трафорд“ оваа сезона, па искрено проговорил за состојбата во тимот на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед уште еднаш одиграа потпросечен натпревар и по ремито со Лестер ги сведија шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона на минимум.

Невил е разочаран од односот на играчите на клубот кои не знаат како да се постават кога нема да ја имаат топката во своите нозе.

„Манчестер Јунајтед не е пресинг тим, тие всушност се депресивен тим. Го сфаќаш тоа кога ги гледаш кога топката не е во нивен посед, тогаш тие едноставно си шетаат по теренот“, изјави Невил.

Новиот тренер на клубот ќе има сериозна задача да промени многу нешта на „Олд Трафорд“ за Манчестер Јунајтед повторно да се врати на врвот.

Се вчитува...