Поранешниот репрезентативец на Англија, Гери Невил ја критикуваше играта на „Гордиот Албион“ на Европското првенство во Германија по пласманот во четвртфиналето и тоа на драматичен начин и големиот пресврт против Словачка.
Според Невил ваквата игра на Англија е очајна и тој не ја гледа својата репрезентација во битката за титула.
„Очајна Англија… Сега мораме нешто драматично да промениме. Играв со Герет Саутгејт, тој е фантастичен дечко и има голем интегритет, но мора да сфати дека сега беше на ивица.
Победа од овој вид е многу важна, но ако мислите дека може да поминете месец дена на турнирот играјќи како ние и да стигнете до крајот, мислам дека тоа е нереално. Секој следен натпревар ќе биде многу потежок. Бог нека ни помогне Белингем да постигне гол“, изјави Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА