Легендарниот Гeри Невил, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, а сега еден од најпочитуваните фудбалски аналитичари, брутално ја критикуваше ситуацијата во клубот од Олд Трафорд.
Јунајтед беше елиминиран и од ФА Купот, бидејќи Брајтон славеше на „Олд Трафорд“, а Невил ги повика сите структури во клубот конечно да ја преземат одговорноста.
Привремениот менаџер Дарен Флечер не успеа да го „изгасне огнот“ – ремито со Барнли на гостински терен и елиминацијата од купот дополнително ја продлабочија кризата, па неговата улога привремено ќе ја преземе Мајкл Керик.
Сепак, според Невил, проблемот е многу подлабок од тренерското прашање.
„Ова е штета за клуб од таква големина. Испаѓањето од двата купа во оваа фаза од сезоната кажува сè што треба да се знае. Нема интензитет, нема гордост во дресот што го носат. Ги гледате овие играчи и не го чувствувате стравот, вербата или идентитетот на Манчестер Јунајтед. Тие изгледаат премногу опуштено. И не се само играчите – целата клупска хиерархија мора да преземе одговорност, бидејќи вакви работи се дозволени и повторувани со години. Манчестер Јунајтед во моментов не изгледа како сериозен фудбалски клуб“, рече тој. Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

