Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека заминувањето на Златан Ибрахимовиќ од клубот би било крајно негативно за „црвените ѓаволи“.
Иако има 35 години, Ибрахимовиќ е еден од најдобрите фудбалери на тимот кој веќе му донесе два трофеи со своите голови. Но, на крајот од сезоната наводно заминува…
„Би било голем проблем да се најде замена за Ибра. Тоа би било невиден проблем со кој би се соочил Мурињо пред почетокот на новата сезона. Штета би било да си замине. Оваа сезона Ибрахимовиќ често го извлекуваше тимот, погледнете го само финалето од Купот. Ако Јунајтед заврши меѓу најдобрите четири во првенството, за него ќе бидат заслугите“ – вели Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА