Невил жестоко го нападна Луверпул: Користат опасни фрази

Кражбата на судиите на дерби натшреварот на 7. коло во Премиерлигата помеѓу Тотенхем и Ливерпул каде на „црвените“ неправедно им беше поништен гол при резултат 0-0 продолжува да биде топ тема во англиската јавност.

За судиската неправда прво говореше Јирген Клоп, а по утврдување на грешката судиската комисија на Премиерлигата се извини со образложение дека станува збор за човечка грешка. Но, ова образложение не беше прифатено во редовите на тимот од „Енфилд“ од каде одекна уште едно соопштение во кое се вели дека е „нарушен спортскиот интегритет“ и ќе бидат искористени сите „достапни опции со оглед на јасната потреба за ескалација и решение“.

Соопштението на Ливерпул пак наиде на жестока реакција кај поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил кој на социјалната мрежа „Х“ напиша:

„Клоп добро реагираше во ситуацијата, а најголемиот дел од фудбалските навивачи ќе имаат емпатија за Ливерпул и ќе го сфатат за колку голема грешка станува збор. Но, изјавата на клубот е грешка. Што воопшто значи „користење на достапни опции“ и „спортски интегритет“?

Тоа се опасни фрази кои се непотребни и агресивни. „Извини погрешивме“ треба да биде доволно. Тоа го кажав и соноќа. Треба да се прифати извинувањето и не треба да се омаловажува“

Се вчитува...