Невозможна мисија: „Сакам со Клоп да ја освоиме Лигата на Шампиони“

Еден од кандидатите за претседател на Бенфика, Кристовао Карваљо јасно стави дознаење дека доколку биде избран на престојните избори на легендарниот португалски клуб ќе има највисока амбиција кога станува збор за тренерската функција во тимот.

Тоа ќе биде Јирген Клоп, германскиот стратег кој со голем успех ги предводеше Борусија Дортмунд и Ливерпул, но по заминувањето од Англија прифати нов предизвик и тренерското столче го замени со фукцијата глобален шеф на фудбалот во Ред Бул.

„Потребен ни е тренер од врвна класа, некој кој веќе ја освои Лигата на Шампиони и е подготвен да ја освои и со Бенфика. Во мојата глава постои само едно име. Јирен Клоп. Тој кој изјави дека Бенфика е голем глуб и дека сака да го тренира еден ден. Некој кој има такво мислење има поголема причина да биде дел од овој клуб отколку било кој друг.

Денеска е јасно дека Бенфика не може да ја освои Лигата на Шампиони. Но јас имам финансиска цел за тој план. На навивачите на Бенфика можам да им ветам дека за четири, пет години ќе играме финале во Лигата на Шампиони“, изјави Карваљо.

Кандидатот за нов претседател на Бенфика ќе има „невозможна мисија“ да го врати Клоп во тренерските води со оглед на тоа што Германецот јасно стави дознаење дека не намерува да прифати нов предизвик.

Се вчитува...