Рабло Забалета, легендарниот фудбалер на Манчестер Сити го пресрет дуелот на неговиот поранешен клуб и Реал Мадрид во Лигата на Шампионите говореше на повеќе теми поврзани за англискиот и шпанскиот гигант.
Една од нив беше и заминувањето на Тони Крос и Лука Модриќ од Мадрид, фудбалерите кои одбележија една деценија на „Бернабеу“. Германецот одлучи да се пензионира, додека Хрватот се пресели во редовите на Милан оставајќи ги „кралевите“ со големи главоболки во средината на теренот.
„Невозможено е да ги замените Крос и Модриќ. Тоа што тие се во Реал е голем проблем за тимот, но мора да се гледа напред. На Реал му е потребен лидер во средината на теренот, некој кој ќе го земе тимот на свој грб во комплицираните ситуации“, вели Забалета кој го има и решението за проблемите во името на Нико Паз.
„Им треба враќање на некој така креативен и вешт фудбалер како што е Нико“.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е закажан за вечерва со почеток од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

