Неврохирург ја кажа болната вистина: Шумахер никогаш нема да се опорави!

Познатиот неврохирург Колин Шеф откри стравични прогнози за здравствената состојба на Михаел Шумахер. Тој тврди дека поранешниот Ф1 возач никогаш нема да закрепне од повредите на мозокот кои ги заработи во огромната несреќа на скијање на француските Алпи. Поминаа повеќе од четири години, а тој се уште се наоѓа во кома.

„Здравствената состојба на Михаел Шумахер сигурно нема да се подобри. Природата на повредата и информациите кои го добиваме сугерираат дека неговиот мозок има претрпено огромна штета. Како последица на тоа, неговиот мозок не функционира како вашиот или како мојот. Што подолго е во таква состојба, толку помали се шансите да се очекува подобрување. Ситуацијата речиси сигурно нема да се подобри. Шумахер не може да зборува. Можеби е во состојба да покажува со рака, или само тоа им се причинува на луѓето околу него. Тој може само да ужива во погледот на своите деца или да ја препознава музиката која некогаш му била омилена“, изјави Колин Шеф.

 

 

Се вчитува...