НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ… Како се освојуваше првата титула на МЗТ во 2012 година: За нескротливата страст во цел Аеродром, за еуфоријата, емоциите, и незаборавната прослава кај Бисер…. (ВИДЕО)

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска од 18 часот со дуелот против новиот прволигаш Маџари ја стартува новата сезона во домашниот кошаркарски шампионат.

Токму пред почетокот на уште едно патешествие на „металците“ во потрага по нов трофеј, во најновата епизода на подкастот „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, творците на првата титула на МЗТ Скопје во историјата, Ѓорѓе Војновиќ и поранешниот македонски селектор Александар Тодоров со огромни емоции се потсетуваат на сезоната во која МЗТ по цели 20 години чекање од независноста на Македонија успеа да дојде до толку посакуваниот трофеј.

Ѓорѓе Војновиќ, како спортски директор на МЗТ Скопје и Александар Тодоров, како негов тренер во таа 2011/2012 сезона, се креаторите на тимот кој дојде до првата титула во историјата за аеродромци… Приказната за страста за трофеј со кој живееше тимот, но и страста со која цел Аеродром живееше за кошарката, за љубовта на навивачите кон клубот, за емоциите, еуфоријата која владееше на секој меч и незаборавната прослава на трофејот кај Бисер… За сето тоа убаво потсетување на Тодоров и Војновиќ…

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ И АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Се вчитува...