Незадоволство во Франција: Гризман се заканува со крај на репрезентативната кариера?

Еден од најискусните во француската репрезентација Антоан Гризман, го искажал своето незадоволство до потегот на селекторот Дидие Дешамп, кој донесе конечна одлука околу новиот капитен на „триколорите“.

Гризман кој денеска полни 32. години, очекувал дека ќе ја добие лентата, со оглед дека има најголем број настапи за Франција, и дека е еден од поискусните, но селекторот се одлучил капитенската лента да оди кај Мбапе, по пензионирањето на голманот Хуго Лорис.

Наводно после оваа донесена одлука, Фризман се налутил, па дури и размислува да стави крај на репрезентативната кариера, пренесува „Л’Екип“.

Други медиуми, пак, пренесуваат дека Гризман лут го напуштил состанокот на репрезентацијата, и дека следните денови ќе донесе одлука за крај со репрезентацијата. Гризман во моментов има 117 настапи за Франција, и постигна 42 гола.

Се вчитува...