Имплементацијата на ВАР системот и проблемите околу толкувањето на правилата отворија голема дебата околу исправноста на технологијата во фудбалот. Од воведувањето на ВАР најмногу страдаат напаѓачите бидејќи често им се поништуваат голови, а ако некој во следниот период ќе го мрази системот, тоа е германскиот ветеран Марио Гомез. Напаѓачот на Штутгарт имаше „среќа“ да на последниот натпревар од втората германска лига против Сендхаузен да му поништат три гола.
„ВАР е едноставно ср**е. Тој е катастрофа за нас напаѓачите“, изјави Гомез.
Штутгарт го загуби натпреварот со 2-1, а останува се уште дебата дали при постигнувања на трите гола Гомез навистина беше во офсајд позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА