Незапирливиот Дончиќ – нов рекорд на кариерата (ВИДЕО)

На десет одиграни натпревари изминатава ноќ во НБА лигата воопшто не недостасуваа возбудувања. А, беше одбележена од извонредниот Лука Дончиќ.

Во победата на Далас над Њу Орлеанс од 143-130, Дончиќ постигна 46 поени што за него е нов рекорд во кариерата. Дополни и со 12 асистенции и осум скока.

Словенецот имаше одлична поддршка од Кристапс Порзингис со 36 поени, што исто така за него е рекорд на кариерата. Кај поразените се истакна Зион Вилијамсон со 36 поени.

Никола Вучевиќ беше одличен во победата на Орландо над Сакраменто од 123-122. Со 42 поени беше најзаслужен за 17. победа на својот тим.

Руди Хобер и Џо Инглс со по 27 поени ја водеа Јута до триумф над Милвоки од 129-115. За гостите не помогна ниту партијата на Јанис Адедокумбо кој заврши со 29 поени.

На крилјата на Ентони Дејвис со 35 поени и Леброн Џејмс со 28 поени, ЛА Лејкерс славеше против Мемфис со 115-105.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Њу Орлеанс 143-130
Шарлот – Минесота 120-114
Вашингтон – Њујорк 91-109
Атланта – Сан Антонио 114-125
Бостон – Детроит 102-108
Чикаго – ЛА Клиперс 106-125
Денвер – Оклахома 97-95
Јута – Милвоки 129-115
ЛА Лејкерс – Мемфис 115-105
Портланд – Кливленд 129-110
Сакраменто – Орландо 112-123

Се вчитува...