Незапирливиот Јокиќ ита кон третото место на вечната листа во НБА лигата (ВИДЕО)

Денвер славеше против Милвоки со 113-107 во исклучително драматичен меч до крајот.

A, oчекувано повторно во центарот на вниманието Никола Јокиќ кој го запиша својот 119-ти „трипл-дабл“ во кариерата завршувајќи го мечот со 25 поени, 16 скока и 12 асистенции.

Посебно се истакна во последната четвртина која беше и најважна, сега зацврстувајќи се на четвртото место на вечната листа на НБА, за бегство од Леброн Џејмс а итајќи кон третата позиција. Јокиќ, сега, по бројот на „трипл-дабл“ во кариерата се приближува кон Меџик Џонсон кој е на третото место на вечната листа со 138.

Се вчитува...