Ненадминливиот Стеф Кари го водеше Голден Стејт до убедлива победа (130-104) над Сакраменто во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.
Кари успеа да дојде до уште едно свое рекордно постигнување, во третиот период запишувајќи ја бројката од 4.000 тројки во кариерата.
НБА ветеранот одамна е рекордер според бројот на постигнати тројки во лигата, а надополнувајќи ја бројката, сега се движи кон 5.000 тројки во кариерата. Кари мечот го заврши на крај со 11 поени, пет асистенции и три скока.
Every three is a record. This one sets an entirely new standard.
4⃣, 0⃣0⃣0⃣ CAREER THREES for Stephen Curry 🎯 pic.twitter.com/lkU7EqfSii
— Golden State Warriors (@warriors) March 14, 2025
Во останатите мечеви Вашингтон славеше на гостувањето против Детроит со 125-129, Чикаго го победи Бруклин со 116-110, Орландо на гости славеше против Њу Орлеанс со 93-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

