Дека ситуацијата во Рома воопшто не е навина говорат и последните информации од Италија каде респектабилниот медиум „Corriere dello Sport“ открива дека на полувреме од натпреварот помеѓу Фиорентина и Рома дошло го голем инцидент и физичка пресметка помеѓу тренерот Иван Јуриќ и фудбалерот Џанлука Манчини.
Веќе некое време е познато дека хрватскиот тренер ја загуби соблекувалната, но физичката пресметка со фудбалер е ниво погоре кое се очекува наскоро да му донесе и отказ и тоа по само 40 дена откако го превзема тимот.
Според информациите на италијанските медиуми, директорот на Рома, Флорент Гисолфи го откажал патот за Париз каде вечерва требаше да присуствува на доделбата на наградата „Златна топка“ и се упатил кон Њујорк каде е доскорешниот тренер Даниеле де Роси со цел да договори враќање на легендата на клубот на „жешкото столче“ во клубот од главниот град на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА