Меџит Незири е „ѕвездата“ на почетокот од преодниот рок, откако дефанзивецот на Шкендија реши да го напушти таборот на тетовци и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Струга ТЛ.
Незири денеска и официјално беше промовиран во прво засилување на стружани во 2023 година, не криејќи го задоволството по комплетираниот трансфер.
„Гледајќи како се движат работите во последно време кај екипата на Струга, се чини дека се работи за прилично добро организиран тим. Задоволен сум од условите и од начинот на кој се водеаа преговорите. Можам да кажам дека раководните лица на Струга беа многу коректни со мене, кога е во прашање нивната понуда и условите, така да без многу двоумење прифатив да бидам дел од нивното семејство. Сменив екипа, но не и моите амбиции. Како што веќе сите знаеме, Струга ТЛ е еден од главните претенденти за шампионската титула во домашната фудбалска елита“, изјави Незири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА