НФЛ и ЕСПН пред договор вреден повеќе милијарди долари

Американската национална фудбалска лига (НФЛ) и спортската мрежа „ЕСПН“ следната недела се очекува да официјализираат договор вреден повеќе милијарди долари, со кој поголемиот дел од медиумските права на НФЛ ќе бидат префрлени на „ЕСПН“, открија медиумите во САД.

Според извори добро поврзани со преговорите НФЛ ќе добие удел во „ЕСПН“ преку договорот.

НФЛ се обидува да продаде дел од своите медиумски права речиси пет години, додека преговорите со „ЕСПН“ траеја повремено во последните три години.

Се вчитува...