НФЛ играч на полувреме си замина во пензија

Искусниот играч на Бафало, Вонта Дејвис ја изненади целата НФЛ лига, но и американската јавност откако на полувреме од дуелот со Лос Анџелес, во соблекувалната објави пензија. На соиграчите им рекол „одам во пензија“ и тоа не значело дека ја завршува кариерата по натпреварот или по крајот на сезоната, туку буквално во тој момент, на полувремето од натпреварот. Дејвис објаснил дека немал намера да го омаловажи соиграчите и тренерите, туку дека едноставно физички не е способен да игра на потребното ниво.

„Во текот на НФЛ кариерата постојано го правев тоа за што ми беше програмирано телото – бев подготвен за натпревар. Имав бројни операции и низ кариерата играв со разни повреди. Но, денеска реалноста ме погоди силно и брзо и тоа на теренот. Секогаш очекувам од себе да бидам на највисоко ниво, но увидов дека тоа веќе не е можно. Бев искрен кон себе. Додека бев на теренот не се чувствував добро“ – напиша Дејвис подоцна во соопштение.

Вонта Дејвис во Бафало дојде во февруари годинава за 2,5 милиони долари. Тој беше 25. пик на драфтот во 2009 година, а беше избран од Мајами, потоа премина во Индијанаполис и таму беше се до оваа година.

 

Се вчитува...