НФЛ играчот кој усмрти Србинка може да добие казна затвор од над 50 години

На НФЛ играчот Хенри Рагс му се заканува казна затвор од над 50 години поради предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици при возење со преголема брзина под дејство на алкохол.

22-годишникот кој претходната година беше одбран како 12. пик на драфтот од страна на Лас Вегас Рејдерс преходната недела рано наутро возел со брзина од 251 километар на час, со 1.61 промили алкохол во крвта при што предизвикал судар со возилото на 23-годишната Тина Тинтор која потекнува од Србија.

Рагс е уапсен на местото на несреќеата и одведен во притвор каде против него е покрената оптужба од пет точки. Најголемата казна ќе ја добие за убиството на Србинката, а доколку судот го прогласи за виновен по сите точки може да добие и казна затвор од над 50 години.

Се вчитува...