Поранешниот НФЛ вајд-рисивер Џејкоби Џонс беше пронајден мртов во својот дом во Хјустон на 41-годишна возраст. Полициската управа на тој град соопшти дека Џонс починал во сон, но причината за трагедијата не е соопштена.
Џонс се прослави во дресот на Балтимор Равенс, за кого потпиша во 2012 година. Покрај нападот, Џејкоби играше и како член на специјалниот тим. Тој беше лауреат во позиција на враќање на ударот (повратник на ударот), а неговото враќање на тачдаун од 108 јарди сè уште е рекорд во историјата на Супер Боул.
Во текот на својата кариера, тој играше и за Хјустон Тексанс, Питсбург Стилерс и Лос Анџелес Чарџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

