Проектот за проширување на НФЛ низ светот се покажа како полн погодок, па така, од следната сезона меѓу домаќините на натпреварите во лигашкиот дел ќе биде вклучен уште еден град. Тоа е главниот град на Германија, Берлин.
НФЛ објави дека следната сезона ќе се игра еден натпревар во Берлин. Тоа ќе биде првиот натпревар во овој град. НФЛ мечеви во Германија има од 2022 година, откако домаќини на американскиот фудбал беа Минхен и Франкфурт.
Засега е познато дека надвор од САД следната сезона ќе играат во Лондон (два натпревари) и еден во Мадрид. Досега, НФЛ се играше надвор од САД во Сао Паоло, Мексико и Торонто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА