НФЛ остана без голема легенда: Тато оди во пензија, за да биде повеќе со нас!

НФЛ-лигата во наредната сезона ќе биде посиромашна за една легенда на овој спорт, откако Дру Брис синоќа го објави крајот на фантастичната кариера. Тој имаше зад себе 15 извонредни сезони како квотербек на Њу Орлеанс, мина вкупно 20 години како дел од НФЛ, за конечно на 42-годишна возраст да реши дека е време да се каже збогум.

Начинот на објавување беше навистина оригинален, преку видео објавено на инстаграм во кое наместо Брис говореа неговите четири дца.

„По 15 години со Њу Орлеанс и вкупно 20 во НФЛ нашиот татко се пензионира. За да минува повеќе време со нас“, во еден глас порачаа децата на легендарниот квотербек.

Тој завршува со кариереата како апсолутен рекорд за најмногу освоени јарди во историјата на НФЛ, вкупно 80.358  јарди. Тој во кариерата има вкупно 571 додавае за тачдаун, втор најдобар резултат на сите времиња зад Том Брејди.

Се вчитува...