НФЛ по една година пауза се враќа во Европа!

НФЛ потврди дека во сезоната 2021 традиционално ќе се врати со натпревари и во Европа. Два натпревари во новата сезона ќе се играат на стадионот на Тотенхем во Лондон. Последните мечеви на европско тло се одиграа во 2019 година, а минатата сезона тие беа откажани поради пандемијата од коронавирусот.

Атланта Фалконс на 10. октомври во Лондон ќе му биде домаќин на Њујорк Џетс, додека една недела подоцна Џексонвил Џагуарс ќе ги пречекаат Мајами Долфинс.

„Возбудени сме што се враќаме во Лондон. Очекуваме дека тие натпревари ќе бидат празник на нашиот спорт и нашата голема база во Англија“, изјави извршниот потпретседател на лигата, Кристофер Халпин. 

Се вчитува...