НФЛ шампионите се вратија во „Белата куќа“

НФЛ шампионите, Тампа Беј Баканерс беа на прием во „Белата куќа“ кај претседателот на Соединетите американски држави, Џозеф Бајден.

Франшизата од Флорида е првата во четирите професионални спортски лиги во САД која се врати во „Белата куќа“ откако претходно сите шампиони го бојкотираа претходниот американски претседател, Доналд Трамп.

Квотербекот и најдобриот играч во историјата на оваа игра, Том Брејди во името на целиот тим им се обрати на присутните.

„Нема од мене веќе да чуете дека се шегувам на сметка на моите години. Немам никаков проблем со тоа што сум најстар, се додека можам да бидам најдобар“, изјави Брејди. 

 

Се вчитува...