Нгану возврати на предизвикот: Прво Џоунс, па Фјури (ФОТО)

Тајсон Фјури е подготвен за борба против секој, а во оваа конкуренција спаѓа и првакот во тешката категорија на УФЦ, Францис Нгану, кому „Кралот“ преку социјалните мрежи му упати предизвикувачка порака.

„Ова е порака за Францис Нгану и дечките од УФЦ. Сакате ли малку од парите на „Карлот“? Знаете каде можете да ме најдете. Сакате ли малку „кралска“ снага? Ќе ви ја дадам. Било кога, било каде, седум дена во неделата, а во недела два пати“, порача Фјури.

Не помина многу време, а на предизвикот возврати и Франис Нгану во свој стил.

„Ќе го средам Џон Џоунс, а потоа ќе дојдам и по Тајсон Фјури“, напиша Французинот на својот Твитер профил.

Се вчитува...