Нголо Канте по 10 години се враќа во Франција

Играчот од средниот ред Нголо Канте, би можел да се врати во Франција, после 10 години пауза, откако последен пат настапуваше во Каен до 2015 година, пред да се пресели во Лестер.

За услугите на францускиот репрезентативец е заинтересиран новиот прволигаш Париз, кој сака да го види во своите редови. Канте во моментов е член на Ал-Итихад. Договорот на Канте му завршува на крајот на сезоната, но Париз сака да се обиде да го ангажира уште во јануари за мала сума на пари.

Покрај Каен, Канте во Франција играше во Булоњ, а потоа во сезоната 2015-2016 за Лестер, каде остави голем впечаток, па замина во Челси, чиј дрес го носеше до 2023 година, пред да замине во Ал-Итихад.

Канте има 64 настапи за репрезентацијата на Франција.

Се вчитува...