Ни Алкараз не е семоќен: Спаси пет меч-топки, но го загуби финалето во Хамбург

Лоренцо Музети е новиот шампион на турнирот во Хамбург откако во супердраматичното финале го совлада Карлос Алкараз со 2-1 во сетови.

Музети беше на чекор до трофејот уште во вториот сет, кога имаше водство од 7-5, 5-4 и 40-15 на сопствен сервис. Алкараз се врати и израмни на 5-5, Музети потоа имаше и 6-3 во тајбрејкот, но шпанското чудо од дете спаси уште три меч-топки на противникот и го доби сетот. Многумина очекуваа Шпанецот да доминира во третиот сет, но Музети не дозволи такво нешто, италијанскиот тенисер трпеливо ја чекаше својата шанса и ја дочека при 5-4 и 30-40 на сервис на Алкараз, кога противникот направи неизнудена грешка што значеше и голем триумф на Италијанецот.

Кaспер Руд се закити со титулата на турнирот во Гштад, откако во големото финале го совлада Матео Беретини со 2-1 во сетови. Беретини го доби првиот сет со 4-6, но Руд се врати триумфирајќи во тајбрејк во вториот, за во третиот сет целосно да го скрши отпорот на противникот, за славје со 6-2 во гејмови.

Интересно е што ова е вкупно осма титула во кариерата за Руд, од кои дури четири освоил во Швајцарија, по две во Гштад и во Женева.

Се вчитува...