Шпанскиот првак Реал Мадрид го договори првото зимско засилување, голманот на Атлетик Билбао Кепа Аризабалага. Според шпанскиот медиум „Марка“, Флорентино Перез одлучи да издвои 25 милиони евра за 23-годишниот шпански чувар на мрежата, пет милиони повеќе од неговата клаузула со цел Кепа да не го продолжи договорот со баскискиот клуб кој му истекува во јуни 2018 година. Репрезентативецот на младата „црвена фурија“ ќе потпише шестгодишен договор со заработка 2.5 милиони евра по сезона, што ќе се изедначи со летните засилувања Тео Ернандез и Дани Себалјос.
Со доведувањето на Кепа јасно е дека Реал се откажува од долгогодишната желба Давид Де Хеа, Јунајтед никако да се согласи да го продаде, а се откажуваат и од голманот на „сините“ Тибо Куртоа. Што се однесува за голманите кои му се на располагање на Зидан, Навас ќе остане во редовите на тимот до крајот на сезоната, додека Кико Касилја ќе си бара нов дом во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА