Ни големо невреме не можеше да ја спречи „Меси-манијата“ во Мајами (ВИДЕО)

Лео Меси официјално беше претставен како нов фудбалер на Интер Мајами на големо задоволство на навивачите кои не ја загубија желбата да го видат аргентинскиот ас ниту поради големото невреме проследено со обилен дожд и силен ветер кое ја зафати Флорида.

На социјалните мрежи се појавија снимки од Американците како го скандираат неговото име на неповолните временски услови. Верните фанови притоа мораа да чекаат неколку часа повеќе пред стадионот со оглед на тоа што церемонијата беше одложена до прекинот на дождот.

Се вчитува...