Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид го договори трансферот на Фабињо, бразилскиот интернационалец од редовите на Монако. Иако тој беше на листата на желби на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и на ПСЖ, на крајот сепак Диего Симеоне и раководството на Атлетико Мадрид успеаја да го договорат пристигнувањето на Фабињо. Тоа нема да се случи ова лето, со оглед дека шпанскиот клуб има забрана за трансфери, па тој најверојатно ќе остане уште шест месеци во Монако, а потоа ќе му се приклучи на Атлетико Мадрид.
Интересно е дека Фабињо во минатото беше член на Реал Мадрид, дебитираше за првиот тим под раководство на Мурињо, но не доби позабележителна улога и си замина од „Сантијаго Бернабеу“.
ПСЖ и Манчестер јунајтед за Фабињо нудеа по 50 милиони евра, а шпанските медиуми информираат дека Монако се решил да го продаде на Атлетико Мадрид за 5 милиони евра помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА