Ни Меси, ни Роналдо: Просинечки би платил билет да гледа само еден фудбалер

Легендарниот југословенски фудбалер, Роберт Просинечки е добро познат во медиумите со неговите ставови дека неговиот избор за најдобар спортист на светот е Лео Меси. Аргентинецот се најде на вечната листа пред Диего Марадона, Мајкл Џордан, Кристијано Роналдо и останатите, а Хрватот сега повторно изненади.

Во интервју за ‘Index.hr’, поранешниот селектор на Босна и Херцеговина на прашање за кого би платил билет да го гледа на теренот, се одлучи за друго име.

„Не сум говорел често за тоа. Значи прашањето е кој е мојот најдраг играч, а одоговорот гласи – Роналдињо. Бев тажен кога пред некое вреем заврши во затвор. Тој беше различен од сите, го имаше тој потег кој никој не може да го повтори. Тој е чиста романтика во кој уживавме три години, а би платил карта да можам да го гледам како игра фудбал“ – изјави популарниот „Жути“.

Се вчитува...