Кошаркарите на Партизан ја победија Цедевита Олимпија со 81-71 во Љубљана во 29. коло од АБА лигата и го обезбедија второто место пред плеј-офот.
Тренерот на Цедевита Олимпија Звездан Митровиќ изјави дека нема што да жали за борбеноста на своите играчи и покрај поразот од Партизан, а повторно се осврна и на разликите меѓу неговиот тим и Партизан.
„Немаме играчи кои се ѕвезди, јас го немам Карлик Џонс, кој на подготовките им дава 35 поени на Американците од НБА. Ми недостигаат 15 милиони евра за да го победиме Партизан. Ние играме тимска кошарка и тоа е нашата сила. Ни недостига многу за да ги победиме клубовите од Белград“, изјами Митровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА