Барселона во новата сезона ќе биде предводена од нов тренер како младиот Шпанец, Роџер Гримау доби отказ поради лошиот краен епилог од сезоната во која каталонците претрпеа елиминација во четвртфиналето од Евролигата и полуфиналето од домашното првенство.
И покрај тоа што главни кандидати за наследник на Гримау беа Чави Пасквал, Димитрис Итудис и Јака Лаковиќ, овие тројца не успеаја да најдат заеднички збор со раководството на тимот па очекувањата се дека наскоро ќе биде промовиран за прв тренер Жоан Пенароја.
Шпанскиот стратег веќе изминатата сезона ја започна на клупата на Басконија, но доби отказ поради лошите резултати. Претходно 55-годишникот ги предводеше и Андора, Мандреса, Бургос и Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА