Хрватска, како и Македонија, не се пласираше на Евробаскетот 2025 и покрај тоа што ја заврши квалификациската фаза на третата позиција на табелата. И Хрватите беа во група со еден од домаќините, Кипар па денешниот преубедлив триумф од 67-104 и за нив е пиров.
Резултатот нема долго да се памети, но вечно ќе остане во помнење монструозниот натпревар на Марио Хезоња. Крилниот играч натпреварот го заврши со 40 поени, 11 скокови и седум асистенции со што стана четвртиот кошаркар по Димитријевиќ, Везенков и Крамер кој постигна најмалку 40 поени во овој квалификациски циклус.
И покрај монструозната партија на Хезоња, рекордер во квалификациите останува Ненад Димитријевиќ кој на средбата во Литванија постигна 43 поени.
📊 40 PTS 11 REB 7 AST
Hats off to @mariohezonja who always gives his 100% for his Croatia 🇭🇷#EuroBasket x #MakeYourMark pic.twitter.com/9T6szzkqwW
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

