Ни Реал, ни ПСЖ… Халанд знае каде сака да ја продолжи кариерата

Еден од најбараните фудбалери на денешницата е Ерлинг Халанд, норвешкото „чудо од дете“ кое откако ги тресеше мрежите во дресот на Молде и Салзбруг продолжи со истото темпо и во Борусија Дортмунд. 20-годишникот оваа сезона на 28 натпревари во Бундеслигата, 27 пати се запиша во листата на стрелците.

Интересот за услугите на голгетерот е огромен, за неговиот потпис ќе се борат речиси сите европски великани, но Норвежанецот на умот има само еден клуб – европскиот шампион Челси, пренесуваат медиумите на „Островот“. Томас Тухел го гледа норвешкиот напаѓач како последно парче од сложувалката на „Стемфорд Бриџ“ за превземање на доминацијата во англискиот, но и светскиот фубал, а со оглед на тоа што „сините“ градат млад тим, 20-годишникот би се поклопил перфектно.

Овој трансфер се проценува на 170 милиони евра, а доколку се реализира, Халанд ќе постана третиот најскап фудбалер на сите времиња. Пред него ќе бидат само Нејмар кој за 222 милиони евра премина од редовите на Барселона во ПСЖ, како и Килијан Ембапе кој во редвоите на „Светците“ од Монако стигна за цена од 180 милиони евра.

Се вчитува...