Кошаркарите на Карпош Соколи го загубија и четвртиот натпревар во ФИБА Еврокупот, откако Шолнок славеше убедливо (73-91) на гости во Скопје. Што да прават „соколите“, кога им се тресат рацете пред да шутнат, со оглед дека одамна не фатиле кеш во раце. Во една таква ситуација, јасно е дека Шолнок и немаше многу тешка задача на овој меч.
Карпош Соколи имаа сили само за една четвртина. Го добија првиот период со 26-21, а потоа им се случи огромен пад. Шолнок ја доби втората четвртина со 16 поени разлика (8-24) и на полувреме замина со двоцифрена предност (34-45).
Потоа се беше само рутина за гостите, а мачење за домашниот тим.
Во редовите на Карпош Соколи, Чомагиќ постигна 17 поени, Лабовиќ уфрли 15, а 14 зад своето име запиша Мекфаден.
Кај Шолнок, дури шестмина кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект, а најмногу од нив, поранешниот „сокол“ Пери. Тој постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА