Веднаш по официјалниот раскин на договорот со Металург, Филип Кузмановски доби нов ангажман. Репрезентативниот бек се враќа во Битола, но не во Пелистер, туку во градскиот ривал Еурофарм Работник.
Иако пред неколку дена Кузмановски најави дека приоритет ќе му биде да ја продолжи кариерата во странство и сезонава да игра во Лигата на шампионите, на крај сепак се одлучи да ја прифати примамливата понуда од битолскиот суперлигаш кој ќе се бори за пласман во групната фаза во Купот на ЕХФ.
Филип Кузмановски според најавите во составот на Еурофарм Работник ќе биде само оваа сезона и ќе му помогне на клубот во амбициите да го преземат приматот од Металург во борбата за вицешампионската титула. Од следната сезона, Кузмановски треба да продолжи во Германија во составот на Магдебург со кој веќе има постигнато договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА