„Ние не сме болница, не го сакаме Нејмар“

Бразилскиот фудбалер Нејмар кој се уште го држи рекордот кога стануваат збор трансферите сега се поврзува со заминување од Ал Хилал и преселба назад во татковината каде во прв план се јавува неговиот поранешен клуб Сантос.

Покрај Сантос се појави информација дека тој може да се пресели во Палмеирас, информација која сепак претседателката на клубот, Леила Переира ја отфрли со изјава за тамошните медиуми.

„Тој е неверојатен фудбалер, но нема да дојде во Палмеирас. Ние не сме болница. Сакаме некој кој ќе пристигне и веќе следниот ден ќе може да му биде на располагање на тренерот ако тој така каже. Нема да прифатам купување на играч кој не е подготвен за игра“, изјава Переира.

Нејмар се уште се рехабилитира од тешка повреда на коленото која го мачи веќе подолго време.

Се вчитува...