Србија продолжи со катастрофалните игри во првата квалификациска фаза за СП 2023, а кризата е продлабочи со поразот на домашен терен од селекцијата на Белгија. „Орлите“ се пласираа во следната фаза, но бодовно ќе заостанат пред сите ривали, по што се зголемува притисокот врз селекторот Светислав Пешиќ, кој воопшто не ги оправда очекувањата откако на оваа функција го наследи Кокошков.
Поразот од Белгијците беше повод за српската јавност да се потсети на зборовите на долгогодишниот репрезентативец Душан Савановиќ, кој беше еден од ретките што гласно го критикуваше именувањето на Пешиќ за селектор.
„Она што не можам да го разберам, ние во 2021 носиме човек од 65 години да биде селектор. Навистина не знам дали се лажеме самите себе кога кажуваме дека сме земја на кошарката. Не морате да се согласите со мене, но ова е страшно. Еј луѓе, па ние сме индијанци како народ. Ние викаме човек од 65 години да ни донесе резултат, а на никој друг не му даваме повеќе од шест месеци или година дена за да сврти циклус и да направи успех. Дојде Кокошков, го избркаа, не ги задоволил очекувањата. Навистина не разбирам“, изјави пред извесно време Савановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

